Sa vezhbe u Srbiji
[img]https://scontent-a-fra.xx.fbcdn.net/hphotos-xaf1/v/t1.0-9/10299063_319302431570797_7887296860805059206_n.jpg?oh=be6301dcf970a31bbca9f65dfc5919fa&oe=544B62F2[/img]
Ден за високи гости на мултинационалната вежба „Платинест волк 2014“
На ден 10.07.2014 година Командантот на полкот за Специјални Операции бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски присуствуваше на Денот за високи гости на мултинационалната вежба „Платинест волк 2014“ која се одржува на воениот полигон „Југ“, Бујановац во Република Србија.
На вежбата АРМ учествуваше со 32 припадници од Ренџерскиот баталјон од составот на полкот за Специјални Операции, покрај припадниците од вооружените сили на Србија, Бугарија, Романија, Азербејџан, Хрватска и Соединетите Американски Држави.
Вежбовните активности се одвиваат во две фази и тоа во првата ќе се врши запознавање со можностите на несмртоносните оружја и нивно користење, додека во втората фаза на полигонот „Боровац“ се реализираа показни вежби за патролирање со возила и пешки,
контролна точка, конвој и ескорт, привремена контролна точка, реакција на импровизирани експлозивни направи итн.
|