Citat:Македонија
Танзанија, Ирак и Пакистан заинтересирани за „Букефал“
Автор: Александар Божиновски
Македонија
Македонско-украинскиот оклопен транспортер БТР 4 „Букефал“, кој е изложен на ударното место на саемот за оружје во Абу Даби, беше во центарот на вниманието на ирачката и танзаниската делегација.
Хусеин Али Моени, министер за одбрана на Танзанија, и неговиот колега од Ирак, Мохаран Ал Фариџу, детално го прегледаа „Букефал“. Танзанискиот министер ги покани претставниците на македонската компанија „Специјална опрема Скопје“ (СОС), претставник на овој проект, да дојдат во Дар ес Салам на преговори за набавка на „Букефал“.
- Ние исто како и вашата земја треба да учествувавме во мировни мисии. Имаме потреба за оклопни транспортери. Чекаме да ни се одобрат средства од ООН, по што ќе треба да купиме околу 200 нови оклопни транспортери. Добро сум запознаен со квалитетите на БТР транспортерите. Ова што го видов многу ми се допаѓа - изјави Моени.
Македонската влада сè уште не и дала никаков одговор на украинската која предлогот за производство на „Букефал“ во Македонија го достави уште пред пет месеци. Министерот за одбрана Зоран Коњановски најави дека по барање на НАТО, Македонија треба да купи околу 80 нови транспортери до 2014 година.
- Веќе има најави за нови зделки кои се неколкукратно поголеми од потребите на АРМ. Саемот не е завршен, очекуваме уште заинтересирани. Завчера не посети и Амер Фазили, претставник на „Интендо“, пакистанска компанија за трговија со воена опрема на пакистанското министерство за одбрана и внатрешни работи. Засега планираат набавка на околу 200 до 300 транспортера за потребите на пакистанската армија. Нашиот транспортер им одговара и мислам дека ќе дојде до зделка. Доколку, нашата влада го прифати проектот, сите овие БТР 4 ќе се произведуваат во Македонија - вели Јовица Ѓуричиќ, сопственик на „СОС“.
Сепак, најимпресиониран беше ирачкиот министер. Тој веднаш скокна на транспортерот, заедно со неговиот заменик. Детално го испита внатре и однадвор.
- Добро ми е познат овој транспортер. Ние веќе имаме БТР 80, а овој ни одговара затоа што е по НАТО стандард. Знам дека мислите дека ние мораме да купуваме само американско оружје, но не е така. Можеме да купиме што сакаме. Ни требаат неколку стотини транспортера, а овој овде едноставно мора да го тестираме. Ни одговара и затоа што е двојно поевтин од конкуренцијата - ни изјави министерот Мохаран Ал Фариџу.
Вчера и конкуренцијата беше активна. Претставниците на хрватската фабрика „Ѓуро Ѓаковиќ” од Славонски Брод, каде се склопува финскиот транспортер „Патрија“ го разгледаа „Букефал“. Неофицијално, хрватската компанија е заинтересирана за купување на куполата што сега се монтира на „Букефал“, а која би се монтирала и на „Патрија“.
Саемот во Абу Даби, продолжи со неколку демонстрации на американски борбени возила. Бројот на посетителите се зголемува секој ден. Според организаторот, само завчера над 6.000 луѓе го посетија саемот. Емирот Ал Зајед, беше исклучително задоволен.
- Можеби ќе го организирам саемот секоја година, наместо, секои две години како сега. Иако е финансиска криза, трошоците за вооружување се зголемуваат. Не би сакал да коментирам зошто, но само ќе нагласам дека Обединетите арапски емирати ќе продолжат да инвестираат во воената индустрија, а во интерес на светскиот мир - изјави емирот на прес - конференција.
Jos cemo i oruzane stanice da prodajemo hrvatima za njihove patrije
Sta jos necu procitati
Ah da link do ove vesti http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.as.....leID=19173
|