Makedonski snajperski tim treci u svetu na takmicenju u Budimpesti
Citat:Македонските снајперисти трети во светот
04.05.2009 20:09
„Сме биле на позиции од 24 до 48 часа... без да менуваш положба“
Око соколово, челични нерви и камено срце. Тоа е снајперист на задача - зашто грешките можат да бидат кобни ако ја промаши метата.
„Снајперизмот не е да се легне на оптика и да пукне, тоа е една цела наука. Сите западни држави имаат снајперски школи каде се изучува. Основниот снајперизам се изучува една година, понатаму се надоградува како специјалност полицискиот снајперизам, каде се бараат хируршки прецизни погодоци“, вели за А2 снајперист во ЕСЗ - Тигри.
Осум години е снајперист во специјалната полициска единица Тигри. Низ неговиот нишан демнел многу криминалци, терористи, но и штител многу ВИП личности. Не сакаше да открие која му била најтешката задача, но имало многу.
„Сме биле на позиции од 24 до 48 часа, некогаш дури и повеќе, без да менуваш положба, во различни временски услови, на дожд, на ниски температури под нула, на 40 степени“, рече снајперистот.
Русија, Украина, па Македонија. Таков е редоследот на најдобрите снајперисти во светот.
„Учествуваме неколку пати веќе на светскиот натпревар во воен полициски снајперизам во Будимпешта, каде имаме постигнато добри резултати. 2004 го освоивме четвртото и петтото место, 2007 го освоивме седмото, за разлика од ланската година 2008, кога го освоивме третото место како тим и поединечно“, вели тој.
За својата пушка вели дека е најдобра и единствена на Балканот. Тешка 7 килограми, а 100 проценти е прецизен и на растојание од 1.500 метри.
Video vest ovde http://a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=09/snajper-04-05.wmv&VestID=108055
|