offline
- Trpe Grozni
- Legendarni građanin
- Pridružio: 03 Apr 2008
- Poruke: 5902
|
Citat:АРМИЈАТА СЕ ПОДНОВУВА СО 42 ТЕРЕНСКИ ВОЗИЛА
АРМ со џипови ќе се бори со талибанците?
Тони Ангеловски
Турската „Рам тиш џикарет“ е единствената фирма што се јавила на тендерот за набавка на 34 воени џипови за македонската армија. На тендерот распишан од Министерството за одбрана, документација подигнале 14 компании, но понуда стигнала само од турската фирма. Во текот на следната година оваа фирма, доколку биде потврдена од страна на Комисијата за набавки во Министерството за одбрана, ќе треба да изработи 42 воени џипови „ландровер дифендер“, од кои 34 се со стандардна опрема, а осум се со повисоко ниво на опременост. Воените џипови на турската фирма, информираат од Министерството, имаат по девет седишта, а имаат и специјални приспособувања, како што се простор за вградување на лежишта за пушки, цврст покрив и затемнети стакла. Според податоците што може да се најдат на интернет, компанијата „Рам тиш џикарет“ досега изработувала џипови за турската, германската, француската и за американската армија. Ова е прва поголема набавка од страна на Министерството, која се реализира по низата критики од стручната јавност дека Армијата нема соодветни возила и опрема, особено за мисијата во Авганистан, каде што, според обврските кои нашата земја ги има преземено, ќе мора константно да се зголемува контингентот на војници во наредните неколку години. Од ресорното министерство не ја откриваат сумата што ќе биде платена за џиповите, но, според процената на експертите, во зависност од опременоста на џиповите, нивната цена се движи од 50.000 до 200.000 евра. Според нив, малку нелогично е тоа што за ваква крупна набавка се јавила само една фирма, иако тоа речиси никогаш не се случува кога се работи за ваков тендер. - Тендерот беше јавен и комисијата си ја работи работата. Кога ќе биде донесена конечната одлука, ќе бидете соодветно известени. Постапката се одвива во согласност со Законот за јавни набавки. Тендерот беше јавно распишан и 14 фирми ја подигнаа документацијата. Ако не знаеле за тендерот, не можеле ни да подигнат тендерска документација, па оттаму нелогично е да тврди некој дека тука имало проблем - вели Сашко Димов, портпарол на Министерството за одбрана. Армијата веќе три години доцни со набавката и на оклопни транспортери, за што процедурата, според најавите, би требало да почне во почетокот на следната година.
Izvor http://www.vreme.com.mk
Prevod
ARM nabavlja 42 terenska vozila
ARM ce se za dzipovima boriti protiv talibana
Turska firma "Ram Tish Dzikaret" je jedina firma koja se javila na tenderu za nabavku 24 vojna terenska vozila za makedonsku armiju. Na tender raspisan od strane ministarstva odbrane, od cetrnaest firmi koji su podigli tendersku dokumentaciju, ponuda je stigla samo iz turske firme. U toku sledece godine, ova firma, ukoliko bude potvrdjena od strane komisije za nabavke ministarstva za odbranu, izradice 42 vojna dzipa Landrover Defender, od kojih 34 sa standardnom opremom i osam sa visim nivoom opremljenosti.
Vojni dzipovi ove turske firme, kako informisu iz ministarstva, imaju po devet sedista, a imaju i specijalna prilagodjavanja kao sto su prostor za postavljanje lezista pusaka , tvrdi krov i zatamljena stakla. Po podatcima koji mogu da se nadju na internetu, kompanija "Ram Tish Dzikaret" je do sada izradjivala dzipove za tursku, njemacku, francusku i americku armiju.Ovo je prva veca nabavka od strane ministarstva, koja se realizira posle dosta kritika iz strucne javnosti, da armija nema odgovarajucu opremu i vozila, narocno za misije u Avganistan-u, gde ce po obavezama koje je nasa zemlja peruzela, morati da konstantno povecava broj vojnika u narednih nekoliko godina.
Resorno ministarstvo ne otkriva sumu koja ce biti placena za dzipove, ali po proceni eksperta, u zavisnosti od opreme, cena ce se kretati od 50.000 do 200.000 evra. Po njihovom misljenju, malo je nelogicno da se za ovakvu krupnu nabavku javila samo jedna firma, jer to se skoro nikad ne desava kada se radi o ovakvom tenderu. Tender je bio javan, i komisija radi svoj posao, kada bude donesena odluka, bicete navremeno informirani. Postupak se odvija u saglasnosti sa zakonom o javnim nabavkama. Tender je bio javno raspisan i 14 firmi je podiglo tendersku dokumentaciju, ako nisu znale za tender, ne bi ni mogli da podignu tendersku dokumentaciju, pa odatle je nelogicno da neko tvrdi da je tu bilo nekih problema- kaze Saso Dimov, potparol ministarstva odbrane.
Armija vec tri godine kasni sa nabavkama oklopnih transportera, za koje procedura, po najavama, trebalo bi da zapocne sledece godine.
|