offline
- Pridružio: 21 Jan 2012
- Poruke: 209
|
Ovih dana aktualne su teme 100 godina od Balkanskih ratova, s toga izdvajam 1 deo teksta koji je izasao u makedonskim novinama gde je opisana uzrocno-posledicna veza tih ratova.
Unapred molim sve clanove, koji se slazu ili ne slazu s ovim tekstom da ne ulaze u duboku politicku diskusiju i da tema izgubi svoj smisao.
Hvala!
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Првата балканска војна беше за поделба на Македонија
Пред сто години, токму во еден ваков есенски ден како денес, Османлиската Империја, која веќе била пред распаѓање, предлага Македонија да биде самостојна држава, со европски принц што ќе го предложат Големите сили, но Србија, Бугарија и Грција го одбиваат тој предлог со образложение дека е доцна за тоа. А всушност не беше доцна за Македонија, беше доцна за нив, зашто тие веќе беа договорени да ја поделат меѓу себе. Само неколку дена подоцна практично вистински почна таканаречената Прва балканска војна, всушност војната за поделба на Македонија. Имено, Бугарија, Србија и Грција, спротивставувајќи се со сите средства на македонските стремежи за самостојност, во октомври 1912 година дојдоа војнички да ја одземат Македонија од Турција и да ја поделат меѓу себе.
ТУРЦИЈА ПОРАЗЕНА - МАКЕДОНИЈА ПОДЕЛЕНА
Сојузничката воена кампања, според претходно утврден таен договор, за нецели два месеца ја отстрани турската власт од Македонија. Главнината на бугарските војски се бореше во Тракија, кон Едрене и Цариград, во источна и југоисточна Македонија. На овој дел од фронтот таа го зазеде претходно договорениот дел на Македонија до Халкидики и до линијата на разграничување Штип-Струмица. Српската војска, по победите кај Куманово и Битола, го освои најголемиот дел од денешна Република Македонија и стигна до Гевгелија и Лерин, а грчката војска брзаше прва да влезе во Солун, затоа што кон него веќе се пробиваа Бугарите по Струма и Србите по Вардар. Турската Империја беше поразена, но Македонија беше поделена.
Во таа касапница, во поделбата на Македонија, како војници во војските на оние што ја делеа, за жал, милум или силум, како доброволци, или како присилно мобилизирани војници, учествуваа и самите Македонци. Со поделбата Македонија де факто и де јуре го загуби вековниот интегритет во своите географски и етнографски граници, а само од Егејска Македонија, на пример, беа протерани над 100.000 Македонци и беше целосно испразнет македонскиот град Кукуш со околу 12.000 жители, колку што имаше до октомври 1912 година.
Ексклузивно, првпат, точно сто години подоцна, екипа на „Нова Македонија“ беше на местата каде што се водеа главните битки во Првата балканска војна, таму каде што гинеа и по неколку илјади војници во еден ден за да се стигне што побрзо до крвавите граници на претходно веќе тајно поделената Македонија.
ПОДГОТОВКИ ПРЕД ВОЈНАТА
А пред сто години Балканот буквално се наоѓаше во своевидна пајакова мрежа од противречни интереси на Големите сили. Истовремено, секоја од балканските држави се бореше против своите соседи за економска и политичка доминација, а всушност секоја од нив им служеше на интересите на европските сили, особено на Русија и на Австро-Унгарија. Од друга страна, развиените европски држави сѐ повеќе го освојуваа пазарот во Турција и ги стеснуваа можностите на слабите балкански економии што претендираа на истиот пазар. Затоа полека но сигурно зрееше идејата за воено проширување на пазарот, односно преземање делови од Турција со војна, особено таму каде што живее доминантно христијанско население.
Се разбира дека за да се победи Турција, која само на територијата на Македонија, во својата таканаречена Западна војска, имаше 193.000 војници, при што само Вардарската армија имаше 104.000 војници, мораше да дојде најпрво до договор меѓу балканските земји, зашто ниту една од нив посебно не можеше ниту да сонува самостојно да влезе и да победи во директен воен судир со Империјата.
Договорот меѓу Србија и Бугарија се сметаше како главна претпоставка за таков сојуз, но Македонија, односно поделбата на Македонија, сѐ уште беше камен на сопнување за постигнување некаква согласност за воен сојуз. Сепак, војната што почна меѓу Турција и Италија кон крајот на септември 1911 година ја забрза потребата од склучување сериозен балкански сојуз, па во почетокот на 1912 година веќе беше готов воениот сојуз на балканските монархии, односно протоколот беше потпишан на 22 февруари 1912 година. Седум дена подоцна беше потпишан и посебен договор за пријателство и сојуз меѓу Бугарија и Србија. Српско-бугарскиот договор беше стожер на балканскиот сојуз, а беше создаден по руски план. Сојузот меѓу Црна Гора и Бугарија беше склучен врз основа на усна спогодба, со услов Бугарија да ја поддржи Црна Гора за време на војната со 10.000.000 лева.
Како и да е, по сите тајни дипломатски преговори и договори, потпишани сојузи, воени подготовки и слично, на 21 и 22 септември се водат последните преговори меѓу Софија, Белград и Атина за формулирање заедничка нота што сојузниците сакале да ѝ ја испратат на Турција. Дефинитивниот текст на нотата е утврден на 5 октомври 1912 година, и со неа фактички официјално беше најавена Првата балканска војна.
ЗАЕДНИЧКА ВОЕНА СТРАТЕГИЈА
Со победата во Првата балканска војна, која на територијата на Македонија почна практично на 19 октомври 1912 година, балканските сојузници, соседи на Македонија, ги протераа Турците, но не ја ослободуваа туку ја окупираа Македонија. Имено, веднаш, само неколку месеци по заминувањето на Турците, почнаа нова, меѓусебна војна за дефинитивна поделба на Македонија. Според историчарите што ги проучувале состојбите пред војната, повод за здружување и заедничка војна против Турците било разочарувањето од Младотурците, насилствата што уште повеќе се засилиле, но и настојувањето на Австро-Унгарија да добие мандат за спроведување реформи во Османлиската Империја, а всушност да ја искористи можноста воено да ги запоседне областите сѐ до Солун.
Соочени со вакви предизвици, балканските сојузници бараа начин по секоја цена да се принуди Турција да се повлече од Балканскиот Полуостров, а со тоа тие да се наметнат како наследници на нејзината територија. Се разбира, таквиот расплет на состојбите никако не им одговарал на Големите сили, па балканските земји морале да направат план за заедничка воена стратегија. Според д-р Јован Донев, кој ги проучувал политиките на Големите сили и балканските сојузници кон Македонија пред Првата балканска војна, бугарската политика кон Македонија се совпаѓала со интересот на младата бугарска буржоазија и на царскиот двор, кои се залагале за проширување на националните граници и освојување нови пазари за извоз. За нив новите пазари требало да ги имаат под своја контрола Македонија и Западна Тракија, а притоа главен трговски пат треба да биде излезот на Егејско Море преку Солун. А заземањето на Солун подразбира завладување со најголемиот дел од Македонија, со што би се спречила можноста од воспоставување заедничка српско-грчка граница. Секако, со ова, Бугарија би станала најсилна економска и воена сила на Балканот. За остварување на овие замисли, бугарските владејачки кругови најмногу се служеле со Егзархијата и со врховизираната ВМРО на Тодор Александров и Александар Протогеров. Српската буржоазија, пак, слично како и бугарската, смета Донев, заедно со развојот на производството ги насочува своите погледи кон европските делови на Турција.
Jedna od mnogih ovakvih prica.
Масовно учество на Македонците
Во Првата балканска војна Македонија станала големо боиште, и сите негативни последици што ги носи војната паднале врз грбот на македонскиот народ. Освен тоа, Македонците масовно се вклучувале во борбите, но не како самостоен воено-политички фактор, туку во составот или под команда на балканските, главно на српските и бугарските воени формации. По победата на српската војска на 23 и 24 октомври 1912 година во битката кај Куманово, голем дел од Македонија, заедно со Скопје, Велес и со Битола, бил освоен без борба, а турските војски дале отпор само кај Прилеп и Битола, каде што на 17, 18, 19 ноември се воделе последните жестоки битки пред конечниот тежок пораз на некогашната Турска Империја. Значи, кон крајот на 1912 година турското владеење било завршено во цела Македонија, но во исто време турската окупација била заменета со тројна окупација, со окупација од страна на Грција, Србија и на Бугарија. Македонија била распарчена, а со тоа целосно бил нарушен континуитетот на македонската борба за политичка автономија или државно конституирање на Македонија.
Автор: Блаже Миневски
[Link mogu videti samo ulogovani korisnici]
|